7.7 C
Skopje
петок, декември 4, 2020

Јапонски научници пронајдоа начин да ја спречат микропластиката од машините за перење да стигне до океаните

Kabtel desktop

Јапонски научници открија иновативен начин за микропластиката која се испушта во водата при перење на алишта во машина да не стигне до океаните. Тие пуштаат звуци додека се испушта водата од машината. Акустичните бранови ги фаќаат микрочестичките од пластика во средината на млазот вода, а водата без пластика истекува низ одводот.

Со перењето алишта секоја година во океаните се испуштаат половина милион тони микропластика. Тоа е еднакво на 3 милијарди маици направени од полиестер. Во текот на тестирањето јапонските научници успеале со оваа иновативна метода да фатат дури 95%-99% од два најчести видови микропластика кои се потенки од човечко влакно.

Ако таа пластика дојде до океаните, преку водените струи ќе допре до секое катче на Земјата – од најдлабоките делови на океаните до арктичкиот мраз. Може да ги изедат морските животни и на тој начин повторно да се вратат во нашиот синџир на исхрана.

Јапонските научници велат дека ова нивно откритие има голем потенцијал да го намали загадувањето со пластика и да ги заштити океаните.

Scientists in Japan have found an innovative way to stop laundry washing microplastics into the ocean

A sound solution. 📕 Read more: https://wef.ch/36dZdCx

Posted by World Economic Forum on Четврток, 02 јануари 2020

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •