2.8 C
Skopje
недела, јануари 19, 2020

До 15 јануари регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници

Kabtel desktop

До 15 јанаури сите правни и физички лица кои минатата година имале промет под два милиони денари, а се регистрирани како ДДВ обврзници, ќе имаат можност да се дерегистрираат од Регистарот на ДДВ обврзници, а оние кои имале промет над два милиони денари, а не се регистрирани, ќе мора да се регистрираат. Ова го налага новиот праг за ДДВ обврзници што почна да важи од 1 јануари.

Прагот за ДДВ обврзник беше зголемен од еден на два милиони денари кон крајот на минатата година со цел да се намали административниот товар за граѓаните и фирмите.  

– Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност, можат да достават и даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност, информираат од Министерството за финансии.

Пријавите за регистрација може да се дости по пошта или лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи според седиштето или живеалиштето на даночниот обврзник. Пријавите може да се достават и електронски на http://etax.ujp.gov.mk .

Направен е и прирачник преку кој граѓаните и фирмите ќе можат да се информираат за новиот праг и кој има или нема обврска како ДДВ обврзник. Прирачникот може да се најде на веб-страната на Министерството за финансии.

Прагот за ДДВ обврзник беше променет кон крајот на минатата година. Тогаш министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека анализата на Министерството за финансии покажала оти даночната администрација троши повеќе време за малите ДДВ обврзници кои придонесуваат со два проценти во вкупната наплата на ДДВ, отколку на оние кои придонесуваат со 73 проценти. 

Со новите законски измени променет е и периодот во кој обврзникот е должен да остане во системот на ДДВ и истиот е скратен на три години од претходните пет години.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •