14 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

Илон Маск сака да отвори истражувачки центар во Кина за да прави автомобили во „кинески стил“

Kabtel desktop

Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla, во сопственост на иноваторот Илон Маск, планира да отвори центар за изтражување и дизајн во Кина за да прави автомобили во „кинески стил“. Компанијата сака да регрутира дизајнери и друг персонал за центарот и пријавувањето на кандидатите е отворено до 1 февруари.

Не е позната точната локација на центарот и не се знае кога точно ќе почне со работа. Првата фабрика на Tesla надвор од САД беше изградена во источниот дел на Шангај и во текот на јануари почна со доставување на Model 3 произведен во Кина.

Оваа најава следува откако минатата недела пазарната вредност на компанијата достигна речиси 89 милијарди долари, што е еднакво на комбинираната вредност на General Motors и Ford.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •