20 C
Skopje
недела, септември 27, 2020

Ротердам забрани пуштање балони на небото

TMF desktop 19.08.2020

Почнувајќи од 1 јануари 2020 година пуштањето балони на небото е забрането во ротердам, вториот по големина град во Холандија. Амстердам беше првиот град во Холандија кој воведе таква збарана уште во 2015 година, а потоа следуваа и неколку други.

Забраната е оправдана со негативните фекети на балоните врз животната средина. Балоните и панделките прикачени на нив, врвците и железните жици ги загадуваат улиците и предизвикуваат сериозна опасност за животните. Балоните може да бидат изедени од риби, птици и други животни, кои може да се разболат или да се задушат. Исто така, балоните во кои гори на средината гори огин се потенцијални предизвикувачи на пожари.

Забраната се однесува на сите видови балони со секакви форми и на сите материјали кои се пуштаат на небото, а се полни со хелум или друг гас или извор на огин. Балоните кои се прикачени на нешто или се држат во рака се дозволени, но само ако соодветно се складираат после употребата. Кога ќе аплицираат за дозвола за употреба на балони, сите организатори на настани ќе добијат инструкции како да ги користат.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •