19 C
Skopje
понеделник, септември 28, 2020

Jaguar направи седиште за автомобил кое го „лаже“ мозокот дека не седите, туку се движите

TMF desktop 19.08.2020

Jaguar Land Rover претстави нов дизајн за автомобилско седиште кое ја менува формата и ви го лаже мозокот дека одите додека се возите. Концептот на седиште кое претрпува т.н. „метаморфоза“ има за цел да ги намали ризиците по човечкото здравје од претераното седење.

Според податоците на британското Министерство за транспорт, возачите во Велика Британија неделно поминуваат по 235 км во своите возила. Според податоците, пак, на Светската здравствена организација 1,4 милијарди луѓе во светот сега имаат седечки начин на живот. Таквата неактивност може да придонесе за скратување на мускулите на нозете, на глутеалните мускули и на колковите, што може да предизвика болка во грбот и зголеме ризик од повреди при паѓање или истегнување мускули.

Затоа Jaguar во пената на седиштето постави мали активатори кои ги стимулираат нозете една по друга да го симулираат ритамот при одење, што е познато како пелвична осцилација. Таквото микроприспособување на седиштето може да ги олесни ефектите од седењето при долги патувања.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •