6.2 C
Skopje
среда, февруари 19, 2020

А1 Македонија ангажираше “дадилки” за децата на своите вработени

Kabtel desktop

Ексклузивно и за првпат во земјата, за време на зимскиот распуст, компанијата А1 ангажираше дадилки за децата на своите вработени со што оди чекор понапред во обезбедувањето услови и бенефити за своите вработени и поставува нови позитивни примери за односот со вработените. За идејата и реализацијата зборуваме со Стефан Јовановски, раководител на одделот за човечки ресурси во А1 Македонија.

“Летечки дадилки” е препознатлива за авио компаниите кои обезбедуваат помош на патниците кога летаат со своите деца. Дали тоа беше иницијалната идеја за овој уникатен проект на нашиве простори?

Се согласувам дека името асоцира на небо и авионските компаниите , но ние тргнавме од едноставната помисла дека родителите кои имаат деца на училишна возраст постојано се двоумат и се прашуваат каде да ги згрижат и како да им го пополнат слободното време  додека е во тек училишниот распуст, а тие се на работа. Можностите се ограничени, а понекогаш и премногу отежнувачки за домашниот буџет. Како компанија која секогаш креира новитети не само за корисниците туку и за вработените го креиравме проектот со кој понудивме помош на родителите во згрижување на децата за време на зимскиот распуст. За време на училишниот распуст родителите се во дилема каде да ги остават свои деца додека се тие на работа. Со понудената програма ние ги ослободуваме од оваа грижа и овозможуваме згрижување на нивните деца во периодот додека тие не се на училиште, т.е. во период од една недела, последната од нивниот распуст.

Колкава е потребата од обезбедување ваков облик на помош за родителите?

А1 Македонија е етаблирана и добро позната компанија на македонскиот пазар која постојано го одржува своето ветување за обезбедување безбедна и ститмулативна работна средина за своите вработени. Таа произлегува од нашата групациска стратегија која е фокусирана не само на постигнување на зацртаните бизнис цели туку и на креирање и обезбедување услови за работа кои дозволуваат напредок на амбициозните и вредни професионалци вработени во компанијата. А1 Македонија е едно големо семејство сочинето од над 1000 вработени на просечна возраст од 30 години. Имајќи предвид дека станува збор за исклучително динамична индустрија во која иновативноста и технолошкиот напредок привлекува амбициозни луѓе кои се гладни за постојано учење и напредок мотивирани сме да опстоиме на исполнувањето на нашето ветување, да креираме и спроведуваме значајни проекти за благосостојба на вработените и да  бидеме лидер во креирањето корпоративна култура и компанија за пример во заедницата во која работиме.

Оттука и постојано работиме на креирање програми кои ќе овозможат благосостојба на нашите вработени и ќе им понудат многу повеќе во квалитет на нивниот професионален , но и баланс со приватното секојдневие.

Што претставува програмата Летечки дадилки?

Програмата  “Летечки дадилки” вклучува два концепти. Првиот е наменет за деца на возраст од 6 до 12 години, во едукативен центар во просториите на управната зграда на А1 Македонија каде децата поминаа една недела исполнета со многу забава и дружење но имаа можност да посетат музеј, кино, а направија и прошетки во природа.

Другиот концепт опфати деца на возраст од 8 до 14 години, во реномираната Дигитална академија СЕМОС, каде се стекнаа со компјутерски вештини според однапред дефинирана програма прилагодена на нивната возраст и интерес.

Во двете програми беа вклучени едукатори и предавачи со огромно искуство, како би биле сигурни дека децата го добиваат најдоброто.

Програмата “Летечки дадилки” ќе продолжи и за време на летниот период, додека трае летниот распуст.

Иницијативата за оваа програма ни доаѓа од А1 Телеком Австрија Групацијата која веќе се спроведува паралелно во Австрија и Хрватска.

Програмата беше позитивно прифатена од страна на родителите, вработени во А1 Македонија, а интересот беше огромен – се бараше место повеќе во формираните групи, а децата се пресреќни, како од програмата на едукативниот центар така и од посетата на Дигиталната академија.

Задоволни сме што е тоа така и ќе продолжиме и во иднина да нудиме уште поголеми бенефити за вработените во А1 Македонија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •