17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Ни остануваат само 100 секунди до апокалипсата

Kabtel desktop

Часовникот за судниот час, хипотетскиот часовник кој мери колку време не дели од апокалипсата, вчера обележа 100 секунди до полнок, симболизирајќи го времето на нависоко ниво на опасност за човештвото откако почна да работи во 1947 година. Главната причина за тоа се заканите како климатските промени и нуклеарната трка.

Одлуката за тоа кое време го покажува часовникот за судниот ден за човештвото ја носи тим од научници, меѓу кои има 13 добитници на Нобелова награда. Нивото на опасност се утврдува со анализа на податоците од разни извори – од информатичката војна до опасните технологии како фалсификување видеа или аидуоснимки, или степенот на милитаризација на светот и развојт на хиперсонично оружје.

Покажуваме колку светот е блиску до катастрофа во секунди, не во саати или минути, велат научниците. Часовникот во 1947 година бил поставен на 7 минути до полноќ, а досега најкритичните години кога отчукал две минути до полноќ биле 2018 и 2019 поради неуспехот во борбата против климатските промени и во 1953 година поради американските и руските нуклеарни тестови.

Најбезбедната година била кон крајот на Студената војна, 1991 година, кога покажувал 17 минути до полноќ.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •