14 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

Во Охрид вторпат се одржува обука за сомелиери

Kabtel desktop

Во организација на Македонската асоцијација на сомелиери – МАСОМ викендов во Охрид се одржува втората од предвидените неколку професионални сомелиерски обуки.

Обуката почнува денеска со воведни предавања за виното, по што е предвидена обука за систематски пристап кон дегустација на вино, вински сервис – теорија и пракса. Вториот ден од обуката е резервиран за предавања околу начините за впарување на храната и виното, по што ќе следи и теоретскиот и практичниот дел од испитот.

Инаку, самите обуки се наменети првенствено за угостителскиот сектор, но и за останатите бизнис-сегменти поврзани со вината и јаките алкохолни пијалоци.

Предвидени се три нивоа на обука – МАСОМ послужувачи на вино, МАСОМ помошник сомелиер и МАСОМ сертифициран сомелиер.

Првото ниво претставува основно познавање што значи дека кандидатите ќе се стекнат со основнни вештини и познавање од областа на вината. За тоа ниво на обука не е потребно никакво предзнаење.

Кандидатите низ практични вежби и дегустации, како и теоретски дел ќе ги поминат основите на лозарството, производството на вино, типови и стилови на вино, основни вински сорти, познати светски вина, вовед во дегустација и евалуација на вината, вински сервис и впарување на храна и вино.

Оценка на експертите за вино е дека Македонија има потенцијал, со навистина добри вина, како и голем број професионалци кои работат во винската индустрија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •