Научници создадоа математичка формула за идеално кафе

- Advertisement -

Дали кафето кое веќе го обожаваме може да стане подобро за околината? Тим од научници создадоа математички модел за она што велат дека е идеално кафе и препорачуваат дека во случајот со кафето помалку е подобро. Односно, баристите ќе прават една четвртина помалку кафе, а ќе добиваат подобро еспресо.

Истражувачкиот тим е составен од хемичари, математичари, материјални научници и ентузијасти за кафе од пет земји. Заедно анализирале стандардна количина од 20 грама кафе кои вообичаено ги користат производителите на еспресо во светот и се обиделе да откријат дали тој процес може да се оптимизира.

- Advertisement -

Тие ја анализираа големината на зрната, притисокот на водата кој се создава во машината за еспресо додека го испумпува кафето и количината на зрна кои одат во секоја шолја кафе. Тие користеле електрохемија за да видат како кофеинот и другите молекули се раствораат од зрната и создале математичка формула која ќе им овозможи да предвидат и да ја тестираат метриката на различни методи на приготвување кафе.

Преку таа анализа тимот пресметал колку кафе се добива со различни методи, односно колкав процент на кафе има во шолјата со течност. Тимот открил дека ако се користи помалку кафе се добива поголем процент на кофеин.

- Advertisement -

„Ако се користат 15 грама наместо 20 грама кафе и зрната се сомелат покрупно, ќе добиеме еспресо кое тече побрзо, а има одличен вкус. Наместо 25 секунди, ќе истече од машината за 14 секунди. Но, ќе се извлечат најдобрите состојки од зрната, па нема да има драстична разлика во јачината на кафето“ велат научниците.

На овој начин нема шанси горчливите елементи да дојдат во кафето. Се разбира дека совршениот вкус на кафето е субјективен, но ќе се добива помалку отпад, што секако е позитивно за Земјата. Како што велат научниците, со намалувањето на количината кафе која се користи за еспресо за 25%, само американските кафулиња ќе заштедат 1,1 милијарда долари на кафе.

Сподели!
- Advertisement -