10 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

Мерки за институционално справување со загадувањето и климатските промени

Kabtel desktop

Сојуз на стопански комори на Македонија со иницијативата на жени во климатска акција отпочна со кампања, посветена на подигнување на свеста и преземање мерки со кои се мотивираат и ангажираат институциите и компаниите да се борат со загадувањето и климатските промени. Загадувањето е на алармантно ниво не само на воздухот туку и на животната средина воопшто, што се одразува негативно и со долгорочни последици за сите кои живеат и работат во Македонија. 

Членовите на Сојузот, директно придонесуваат за справување со загадувањето и климатските промени, но потребно е акцијата да биде масовна. Затоа ги повикуваме сите да се придружат во акцијата која е едноставна, но ефективна. Секој треба да оцени колку од овие активности ги спроведува во својата институција или компанија, помагајќи да стане поодржлива, а во исто време и помагате на државата и светот во акцијата против климатските промени” изјави Арсовска.

Компаниите членови на  Сојузот активно ги превземаат следните 10 чекори кои се повик за делување на сите институции, организации и компании.

  • Застапување на барања за акција за справување со загадувањето и климатските промени пред институциите на локално и национално ниво
  • Подигнување на свеста кај своите вработени, партнери, добавувачи, потрошувачи, медиумите и други засегнати страни
  • Избираат добавувачи кои применуваат добри практики за заштита на животната средина
  • Промовирање на еколошки начин на работа, без употреба на хартија, преку користење на дигитални алатки со што се намалуваат трошоците и употребата на вишок материјали
  • Превземаат мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови
  • Делуваат кон намалување на потрошувачката на енергија на работното место
  • Одбираат обновливи извори на енергија за своите потреби и проекти
  • Делуваат кон намалување на производството на отпад, рециклираат, вршат поправка наместо замена за нови предмети на работното место
  •  Поттикнуваат користење јавен и алтернативен транспорт
  • Одбираат зелена инфраструктура и опрема според најновите еколошки стандарди, опрема која е ефикасна енергетски и одржлива

Македонија веќе со денови не се спушта од листата на  држави кои се најзагадени  во светот. Деновиве е меѓу првите 10 земји според светската страница за мерење на  квалитетот на воздухот „АирВизуал“.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •