-1.2 C
Skopje
среда, декември 1, 2021

Почнуваат клинички тестирања на лекови создадени од вештачка интелигенција

Kabtel desktop

Со помош на јапонската компанија Sumitomo Dainppon Pharma британската компанија Exscientia, фокусирана на развој на вештачка интелигенција, успеа да направи револуционерен чекор напред. Имено, вештачката интелигенција на британската компанија е заслужна за развој на лек кој е првиот кој ќе се тестира на луѓе.

Лекот е наменет за пациенти болни од опсесивно-компулсивно нарушување и ќе биде навистина интересно да се види каква работа завршила вештачката интелигенција, односно дали лекот е поефикасен од лековите направени од луѓе.

Првите тестирања ќе почнат во Јапонија и ако се покажат успешни, ќе селдуваат глобални тестирања. Додека вообичаениот развој на лекови од почетокот на истражувањата до тестирањата на пациенти трае околу пет години, вештачката интелигенција таа работа ја завршила за само 12 месеци.

Молекулата DSP-1181, која се користи во лекот, настанала со користење на алгоритам кој пребарува голема база на податоци. За да се пронајде вистинската молекула потребно е да се донесат милијарди одлуки и навистина е тешко да се пронајде точно она што е потребно и да се донесе вистинската одлука. Убавината на овој алгоритам е тоа што може да се примени на која било болест.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!