7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Франција има најбрз интернет во Европа

Kabtel desktop

Земјите од Европската унија имаат прилично изедначена брзина на мобилниот интернет, покажа истражувањето на RFBenchmark, направено за изминатата 2019 година. RFBenchmark податоците за анализа на брзината на мобилниот интернет ги добива преку својата мобилна апликација, односно од многу различни смартфони на корисниците на таа апликација. Тие податоци овозможуваат добар увид во состојбата со мобилните мрежи во Европа.

Општо земено, тие резултати сугерираат дека повеќето земји од ЕУ имаат слична брзина на интернетот, а исклучок се Македонија и земјите од истокот на Европа, односно Белорусијa, Украина и Русија.

Истражувањето покажа дека податоците преку мобилен интернет најбрзо се преземаат во Франција, каде што брзината на симнување податоци од интернет е 19,9 Mbps. Поголема брзина од 19 Mbps имаат и Полска, Португалија и Австрија. Од 18 до 19 Mbps брзина имаат Шведска, Финска, Литванија, Италија, Холандија, Германија и Белгија.

Најбавен мобилен интернет во Европа имаат Белорусија со 12,3 Mbps, Русија со 11,5 Mbps, Македонија со 10,4 Mbps и Украина со само 9,7 Mbps.

Што се однесува на прикачувањето податоци на интернет, тука е најбрза Шпанија со 10,3 Mbps, додека Украина и тука е последна со 3,4 Mbps. Македонија е само нешто подобра од Украина по брзината на прикачување податоци со 3,5 Mbps.

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!