Huawei планира да го претстави новиот Mate 30 без Android

- Advertisement -

Иако уште не е официјално потврдено, според гласините Huawei планира на средината на септември да го претстави новиот Huawei Mate 30, меѓутоа, наводно без поддршка за Google, па ни за последната верзија на Android. Како што пренесуваат медиумите, од Google потврдуваат дека Mate 30 не може да се продава со прединсталирани апликации и услуги на Google. Привремената дозвола која ја добил Huawei не се однесува на уредите кои не се произведени.
Тоа значи дека Huawei може да го претстави Mate 30, но со сопствениот оперативен систем и без поддршка за Google. Google можел да побара од американската администрација дозвола за соработка со кинеските компании, но според информациите, не го направил тоа. За разлика од Google, дури 130 американски компании побарале дозвола за соработка со Huawei, но досега таа дозвола не е одобрена за ниедна од тие компании.
Како што се приближува средината на спетември, а од Huawei уште нема официјална најава, можно е претставувањето на Mate 30 да биде одложено. Другата можност е Mate 30 да биде претставен без конкретни датуми за продажба.

Сподели!
- Advertisement -