7.2 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

Дел од глечер тежок 1.000 тони се сруши на Антарктикот

Kabtel desktop


Дел од глечер висок најмалку 40 метри се сруши од глечерот на Антарктикот, поточно на островот Анверс. Вакви појави има се почесто и претставувaат опасност за пловење.

Службата British Antarctic Survey го забележала срушувањето на глечерот во заливот Боген на Антарктикот. Климатските промени и нивните ефекти се се почигледни во овој дел од светот.

Честопати глечери со огромни димензии се лизгаат во водата. Некои од нив имаат двапати поголема површина од градот Њујорк. Тие парчиња мраз патуваат огромни растојанија и доаѓаат на отворено море. Тоа е сериозна опасност за бродовите кои поминуваат низ тие води, па потребно е постојано да се надгледуваат.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •