7.2 C
Skopje
среда, февруари 26, 2020

Поради корона вирусот откажан еден од најголемите технолошки саеми во светот – MWC во Барселона

Kabtel desktop

Откако бројни изложувачи или го намалиле своето учество или целосно го откажале поради стравот од епидемијата со корона вирусот, организаторите на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, MWC, попуштија и годинава саемот нема да се одржи.

Иако во текот на изминатите неколку денови организаторите на MWC ги презедоа сите безбедносни и хигиенски мерки за излагачите и посетителите да се чувствуваат безбедни, на крајот донесоа одлука за откажување на целиот конгрес.

Во мејлот кој им го испратија на излагачите, потпишан од извршниот директор на компанијата, GSMA, кога го организира саемот, Џoн Хофман, се вели дека главната причина за одложувањето на MWC 2020 е загриѓеноста поради глобалната епидемија со корона вирусот.

Официјалното соопштение кое го објави GSMA вели дека организацијата го откажува MWC Barcelona 2020 поради светската загриженоист за епидемијата со корона вирусот, загриженоста поради патувањето во странство и други околности, поради кои одржувањето на овој саем е невозможно.

Многу посетители од Азија мораа да го откажат своето присуство поради задолжителниот карантин, а се повеќе излагачи донесоа слична одлука. Со оглед на тоа дека MWC вообичаено привлекува повеќе од 100.000 луѓе од целиот свет, јасно е дека одржувањето на саемот би претставувало ризик за сите – посетителите и излагачите.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •