3 C
Skopje
среда, декември 2, 2020

Startup Macedonia и Macedonia 2025 организираат интерактивна работилница во Скопје

Kabtel desktop

Би сакале да ве информираме дека Startup Macedonia заедно во соработка со Macedonia 2025 и во пратнерство со ЕIT Digital организира интерактивна работилница на EIT Digital Venture Program во Скопје. Ова е одлична можност сите стартапи и претприемачи кои моментално работаат на развивање на технолошки и иновативни концепти да се информираат за деталите на EIT Digital Venture програмата и да се мотивираат за да аплицираат за меѓународен раст.

Работилницата ќе се одржи на 18-ти февруари, од 17:00 до 19:00 во  Europe House Skopje.

EIT Digital Venture Program им помага на претприемачите со технолошки концепти да ги развијта своите идеи, да утврдат MVP и да основаат стартап. 

Кој може да аплицира и кој е поттикнат да присуствува?

Стартпи кои имаат солидни value propositions како и постоечки прототип или Proof of Concept (PoC), и се желни да утврдат MVP за време на 6 неделна Пред-акцелераторска програма. Програмата е наменета за стартапи од следниве сектори: Digital Industry, Digital Wellbeing, Digital Cities, Digital Finance or Digital Tech.  

Што нуди EIT Digital Venture програмата: 

  • финансиска помош до  € 15,000
  • развивање на MVP (Minimum Viable Product)
  • основање на технолошкa компанија 
  • претприемачка помош од меѓународни експерти 
  • вклучување во Европски врвен иновациски екосистем 

Целна група: бизнисмени, студенти, ICT професори и претставници од стартап заедницата.

Учесниците на работилницата ќе можат да слушнат презентации и сведоштва од минатогодишни учесници на програмата. Работилницата е бесплатна. Ве молиме регистрирајте се на office@macedonia2025.com

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •