7.2 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

ВИДЕО: Овие Crocs сандали не се за носење, туку за јадење

Kabtel desktop

Компанијата Crocs, која е креатор на прочуените сандали Crocs, и популарниот синџир за брза храна KFC ги здружија силите и претставија нов заеднички производ на Њујоршката недела на модата.

Имено, на овој настан уметничката Me Love Me a Lot се појави со несекојдневни сандали на пистата. Како што соопштија од компанијата КFC, овие сандали се спoј на светски познатото крцкаво пилешко меско и хартиената кантичка, збогатени со уникатната удобност и стилот на Crocs.

Сандалите и мирисаат на светски познатото пржено пилешко месо. Оваа пролет фановите на KFC и на Crocs ќе можат да купат класична верзија на овие уникатни сандали за 60 долари, додека сандалите на платформа, за жал, нема да бидат достапни за широката јавност.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •