7.2 C
Skopje
вторник, февруари 25, 2020

LCT е уред кој препознава лажни патики – за неколку секунди ќе ви каже дали навистина се оригинал

Kabtel desktop

Нов уред користи вештачка интелигенција за идентификација на лажни патики Nike и Adidas за само неколку секунди. Новата технологија ја олеснува продажбата на патики и идентификувањето на лажната роба.

Давателот на услуги за проверка на автентичност Entrupy пред неколку дена го објави своето решение за проверка (Legit Check Tech, LCT), кое користи вештачка интелигенција за да се утврди дали патиките се фалсификувани или не.

Поентата на технологијата е на трговците и продавниците да им се обезбеди брз начин за проверка на автентичноста на патиките. Фалсификувањето е голем проблем за продавачите на патики. Еден од најголемите проблеми на пазарот е препродажбата на лажни брендирани патики, која сега може да се намали.

За користење на новиот уред во просек е потребна само минута. „Имате чувство дека сте измамени кога ќе купите нешто лажно. Тоа е она што се обидуваме да го решиме“ вели соосновачот и извршен директор на Entrupy, Видјут Шринивасан.

Продавниците како StockX и Urban Necessities користат оспособени експерти за проверка на автентичноста на патиките. Меѓутоа, независните трговци кои не користат такви експерти фалсификуваните патики се сериозен проблем кој може да биде навистина штетен за бизнисот.

Фалсификувани патики има на интернет-страниците како eBay, кои исто така не користат ескперти за автентификација и останува на малите трговци и на купувачите да видат дали купиле оригинал патики или не.

Entrupy планира продажба на новите уреди за автентификација на високо ниво. /наместо замена на луѓето кои ја вршат таа работа, велта на новата технологија е опремување на експертите за автентификација со прецизна технологија која уште повеќе ќе ја намали веројатноста за грешки при проценката.

Според Шринивасан, нивниот уред е осмислен за да им помогне посебно на големите трговци да заштедат време и пари, како и да го зачуваат кредибилитетот на својот бизнис. Тој додава дека ништо не може да се провлече низ нивниот систем и дека тестирале стотици лажни обувки со различен квалитет.

Уредот LCT ја анализира секоја обувка. Фунцкионира така што прво го избирате парот кој сакате да го проверите дали е автентичен или не. Го поврзувате со вапиот телефон преку апликација. Потоа го избирате брендот кој го има во аликацијата, односно Nike или Adidas. Ја фотографирате ознаката на патиките и ја ставате фотографијата од секоја обувка во уредот, една по една, почнувајќи од левата.

Дрвената кутија е опремена со осум камери кои истовремено ја снимаат секоја фотографија од повеќе агли. Тие камери, всушност, се iPod-ови. ovi. Осум фотографии од секоја обувка ситнгуваат во апликацијата за неколку секунди. Потоа истиот процес се повторува за десната обувка. Вештачката интелигенција потоа ги анализира фотографиите и одредува резултат. Или патиките се означени како автентични или не е можно да се идентификуваат. Просечно, потребни се 60 секдуни за да се провери автентичноста на еден пар. Уредот засега работи само за разни модели на Nike и Adidas патики.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •