0.5 C
Skopje
среда, април 1, 2020

Авиокомпаниите годинава ќе претрпат штета од над 29 милијарди долари поради корона вирусот

Kabtel desktop

По прв пат од 2009 година досега се очекува пад на бројот на патувања со авион. Од Меѓународната асоцијација за авиотранспорт (IATA) предупреудваат дека поради корона вирусот, авиокомпаниите годинава се очекува да изгубат повеќе од 29 милијарди долари приходи.

Глобалната побарувачка за патувања со авион ќе се намали поради паузите на деловните патувања и општо намалената побарувачка поради предупредувањата за болеста која забрзано се шири. Поради тоа авиопревозниците ги стопираат летовите до Кина или драстично го намалуваат нивниот број. .

Најголема штета ќе претрпи Азиско-пацифичкиот регион, според проценките на IATA. Имено, кинеските авиопревозници се очекува да претрпат загуба од 12,8 милијарди долари поради вирусот. IATA својата првична проценка за пораст на побарувачката од 4,1% годинава ја намали на 0,6%. Проценката се заснова на природата на ширењето на вирусот и споредбата со епидемијата на САРС во 2003 година, кога беше забележан шестмесечен пад на побарувачката и исто толку брзо закрепнување.

„Ова се навистина тешки времиња за глобалната авиоиндустрија. Врвен приоритет е спречувањето на ширењето на вирусот. Следејќи ги советите на Светската здравствена организација и другите јавни здравствени установи, авиокомпаниите мора да ги одржуваат патниците безбедни, светот конектиран и вирусот органичен на одредена област. Авиокомпаниите носат тешки одлуки за намалување на капацитетот и во некои случаи укинување на рутите. Помалата потрошувачка на гориво донекаде ќе помогне да се надомести штетата. Во секој случај, ова ќе биде тешка година за авиопревозниците“ изјави извршниот директор на IATA, Александре де Јуниак.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •