0.5 C
Skopje
среда, април 1, 2020

Која земја има најбрз интернет во светот?

Kabtel desktop

Тајван, Сингапур и Џерси се на врвот на листата со места со најбрз интернет во светот. Велика Британија е на 33. место, а САД се на 15. место на листата Global League.

Просечната брзина на симнување содржини од интернет во Тајван е 85 мегабити во секунда и со таа брзина се потребни само 8 секунди за да се сними филм во висока резолуција.

Просечната брзина на Земјата, пак, е зголемена од 9Mbps во 2017 година на над 11Mbps во 2019 година, а истражувачите велат дека тоа се должи на подобрувањето на инфраструктурата.

Тие, исто така, откриле дека 18 од топ 25 земји со најбрз интернет во светот се во Европа. Од нив, најбрз е интернетот на малиот остров Џерси, 67Mbps, со кој филм во висока резолуција се симнува за само 10 секунди, што е 100% повеќе отколку во Велика Британија.

На четврто и петто место на листата се Шведска и Данска, а во топ 10 се уште и: Јапонија, Луксембург, Холандија, Швајцарија и Норвешка. Светслкиот лидер на полето на технологијата, Кина, е на 161. место, веднаш зад Бангладеш и Никарагва. Македонија е на 87. место на листата, Албанија е на 94. место, а Бугарија на 58.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •