5 C
Skopje
вторник, јануари 26, 2021

Научници создале нов антибиотик употребувајќи вештачка интелигенција

Kabtel desktop

Според експертите, ова е големо откритие во време кога има зголемена отпорност на антибиотици. Силниот алгоритам бил искористен за да анализира преку стотици милиони состојки за неколку дена, пренесе Радио МОФ.

Новоокриената состојка е способна да убие преку 35 типови на потенцијално смртоносни бактерии, велат истражувачите.

Инфекциите кои се отпорни на антибиотици бележат значителен раст во изминативе години. Доколку антибиотиците се земаат неодговорно, штетните бактерии кои живеат во телото можат да станат отпорни на нив, што значи дека лековите нема да функционираат.

Светската здравствена организација феноменот на отпорност на антибиотици го опишува како „една од најопасните закани на глобалното здравје и безбедност денес“.

Алгоритмот, кој е организиран како човечки мозок, е истрениран да ја анализира структурата на 2500 лекови и состојки, за да ги пронајде оние со најсилни антибактериски квалитети.

По анализата, научниците одбрале сто лекови – кандидати за физичко тестирање и така ја пронашле состојката „Халицин“.

„Мислам дека ова е најсилниот антибиотик кој бил откриен досега. Сакавме да создадеме платформа која ќе ни дозволи да ги употребиме можностите на вештачката интелигенција за да навлеземе во нова ера на медицински откритија“, изјавил Џејмс Колинс, био-инженер од тимот на МИТ.

Истражувачите велат дека ваквата употреба на алгоритмот за нови медицински истражувања, може да го намали трошокот за создавање на антибиотици во иднината.

Извор: BBC

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •