17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Поради топењето на ледот на Антарктикот откриен нов остров

Kabtel desktop

Скриен остров беше откриен на Антарктикот после топењето на глечерите како резултат на високите температури. Каменестите брегови ги открија научници кои поминувале оттаму. Групата поларни истражувачи од проектот Thwaites Offshore Research (THOR) го забележале островот додека со брод поминувале низ заливот крај островот Пајн на Антарктикот.

Новооткриениот остров е наречен Сиф по името на нордиската божица на плодноста и семејството, која исто така била жена на богот на војната Тор, чие име го носи истражувачкиот тим.

Истражувачите го истражуваат глечерот Твејтс во заливот, кој е еден од глечерите на Антарктикот кои се топат најбрзо. Тимот не знае колку долго е откриен островот со површина од околу 6 хектари, но велат дека најверојатно се истопил ледот поради повисоките температури од вообичаените како последица на климатските промени.

Островот е доволно голем за да го забележат сателити од вселената. Картографите велат дека островот главно составен од гранит е долг околу 380 метри, а широк околу 160 метри. Истражувачите се надеваат дека ќе откријат повеќе за составот на островот и како бил откриен кога ќе заврши нивното патување на крајот на март. Бидејќи бродови ретко поминуваат толку јужно, веројатно истражувачите се првите луѓе кои го забележале новооткриениот остров.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •