17.1 C
Skopje
сабота, јуни 6, 2020

Реакција на Стопанската комора на владините економски мерки

Kabtel desktop

Острите реакции на компаниите на денешното објавување на сетот на економски мерки само ја потврди јавната изјава на претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески дадена во неделата дека позициите на јавниот и приватниот сектор се многу оддалечени. Потребни се максимални напори на тешко преговарање да се дојде до најдоброто решение затоа што во меѓувреме работите се менуваат од час во час. Најдобра потврда за тоа е состојбата со автомобилската индустрија во Европа, што укажува на сериозноста на кризата и на одговорноста која ја носиме. Затоа, најдоброто решение е на стопанските субјекти јасно и недвосмислено да им се предочи дека со сите средства кои стојат на располагање државата на краток рок ќе го сочува бизнисот и компаниите, за тие да ја сочуваат нејзе на среден и долг рок.

Втората работа која што треба да се нагласи во овој момент е дека не треба да има недообјаснети формулации. Јасно треба да се каже дека ќе се употреби сè да ја совладаме оваа огромна опасност и по нашите животи и по опстојувањето на бизнисот. Се разбира дека после тоа ќе се седне и повторно со преговори ќе се најде начин да се надомести направената штета.

Ова не е работа за која што сме ние виновни, но е работа за која што сме одговорни. Да ја изведеме со најголем степен на ризик, затоа што само така можат последиците да бидат помали.

Заради заедничко утврдување на клучните приоритети за што поуспешно справување на македонската економија со тековните состојби, Стопанската комора на Македонија во четврток (19.03.2020 година) и петок (20.03.2020 година) ќе организира состаноци помеѓу компаниите-најголеми извозници во македонската економија со директорот на Царинската Управа, и на претседателите на здруженијата според дејности со креаторите на економските политики.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •