2.9 C
Skopje
понеделник, март 30, 2020

Корона пандемијата ја забрза изградбата на националната 5G мрежа во Кина

Kabtel desktop

Кина како еден од начините за забрзување на економскиот раст после пандемијата со корона вирусот гледа во забрзаната изградба на националната 5G мрежа во целата земја, а сигналите за забрзување беа видливи изминатите недели

Изградбата на 5G инфраструктурата стана најбитна активност во кинескиот национален економски план а за годинава, пишува China Daily. Дури 21 кинеска провинција како приоритет ја постави изградбата на локалната инфраструктура за 5G мрежата. Пекинг веќе постави 26.000 5G базни станици, а бројот на корисници моментално е околу 800.000.

Градот Шенжен до август годинава планира да постави 45.000 базни станици, Шангај до крајот на годинава сака да постави 30.000, Тианџин 20.000, провинцијата Гуангдонг 60.000, провинцијата Гижу 10.000, а провинцијата Јунан планира да инвестира 7 милијарди долари за да постави 200.000 5G базни станици.

За успешно спроведување на изградбата на инфаструктурата најодговорни се кинеските телеком оператори, кои на овој проект многу повеќе соработуваат отколку што пазарно се натпреваруваат: China Unicom, China Telecom и China Mobile.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •