16.1 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

Проценка: Koлку луѓе ќе останат без работа поради корона?

Kabtel desktop

Глобалните загуби на работни места како резултат на кризата со коронавирус би можеле далеку да ја надминат бројката од 25 милиони граѓани, како што беа проценките пред само неколку дена, оценија официјални претставници на Обединетите нации, истакнувајќи дека извештајот за раст на невработеноста во САД експлицитно укажува на големината на економската катастрофа.

Пред една недела, Меѓународната организација на трудот (МОТ) процени, врз основа на различни сценарија за влијанието на пандемијата врз глобалниот економски раст, дека бројот на невработени на глобално ниво ќе се зголеми за меѓу 5,3 и 24,7 милиони луѓе.

Но, Сангеон Ли, директор на Секторот за политика за вработување при МОТ, вчера изјави дека обемот на привремена невработеност, технолошки вишок и бројот на барања за помош поради невработеност е далеку поголем од првично проценетиот, пренесува Ал Џезира.

“Ќе дадеме се од себе за да го земеме предвид влијанието на привремената масовна невработеност при моделирање на нашите проценки. Интензитетот на оваа флуктуација е многу поголем отколку што се очекуваше”, рече тој.

За споредба, глобалната финансиска криза од 2008/2009 година. ја зголеми глобалната невработеност за 22 милиони луѓе.

Во САД, каде, како и во многу делови на светот, мерките за спречување на ширењето на пандемијата практично ја парализираа економската активност, бројот на Американци кои бараат надомест за невработеност скокна на повеќе од три милиони луѓе минатата недела. Ова го урна претходниот рекорд од 695.000 побарувања забележани во 1982 година.

Алармантно предупредување упати и претседателот на филијалата на Федерални резерви во Сент Луис Џејмс Булард, кој процени дека до 46 милиони Американци, односно речиси третина од американските работници, би можеле да ги изгубат работните места за кус временски период.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •