16.1 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

#ОСТАНЕТЕДОМА, вежбајте со Неотел и Crossfit Скопје и #ОСТАНЕТЕЗДРАВИ

Kabtel desktop

Со оглед на препораките од надлежните институции за превенција од ширењето на COVID-19, НЕОТЕЛ во соработка со спортскиот клуб CROSSFIT Скопје, овозможи видеа со специјални Crossfit вежби за да можат сите заинтересирани да вежбаат од своите дневни соби.

Тренерот Жарко Батиќ како дел од тимот на CROSSFIT Скопјe ќе се погрижи секојдневно да им претстави едноставни домашни вежби кои ќе помогнат во одржување на физичката спремност на сите оние кои сакаат да останат “ФИТ” во овие денови на изолација.

Видео вежби ќе бидат објавувани секој ден, освен недела, додека траат мерките на изолација. Истите ќе бидат објавувани преку социјалните медиуми на НЕОТЕЛ ДОО и CROSSFIT Скопје како и директно на телевизиската платформа neoTV на НЕОТЕЛ. 

Затоа #ВежбајОдДома, #ОстанетеДома и #ОстанетеЗдрави.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •