16.1 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

СЗО: Шест совети за родителите во време на корона вирусот

Kabtel desktop

Светската здравствена организација состави листа со шест најбитни совети за родителите во оваа доба на пандемијата со корона вирусот.

Првиот и најбитен совет кој го дава СЗО е родителите да издвојат време за да го поминат само со своите деца. Тие препорачуваат во текот на денот родителите да издвојат по најмалку 20 минути за секое дете посебно. Во текот на тоа време тие ќе им дозволат на децата да изберат што ќе прават заедно. Таа активност може да биде, на пример, танцување на омилената музика.

Вториот совет е да бидат позитивни. Родителите треба мирно да разговараат со своите деца за да ги уверат дека нема да им се случи ништо лошо. Понатаму, треба да користат позитивни фрази и инструкции и да го пофалат доброто однесување. На пример, наместо да ги предупредат „Не правете неред“ може да им речат „Може ли да го средиш тоа?“.

Наредниот совет што го дава СЗО е да постават нови рутини. Тоа подразбира креирање на дневен распоред, кој ќе биде флексибилен, и да се придржуваат до него.

Понатаму, родителите треба да го забележат лошото однесување од самиот старт. Тие треба да ги научат децата на одговорност со воведување последици за секоја лоша постапка и да ги спроведат тие последици. На пример, може да им го одземат телефонот на еден час, не на една недела.

И покрај ситуацијата во светот, петтиот совет од СЗО е дека родителите треба да останат смирени и да менаџираат со стресот. Тие може да разговараат со пријателите како се чувствуваат и своите деца да ги охрабруваат да ги искажуваат своите емоции. Ако имате чувство дека сакате да се извикате, направете пауза од 10 секунди и пет пати вдишете длабоко и издишете.

Последниот совет кој имаат да им го дадат на родителите е отворено да разговараат со децата за КОВИД 19 и да знаат дека е во ред ако ги немаат сите одговори на прашањата од децата.

6 essential parenting tips during the coronavirus outbreak from the World Health Organization

Top tips for parenting in the pandemic.📕 Read more: https://buff.ly/33Q8tMI

Posted by World Economic Forum on Петок, 27 март 2020

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •