16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Microsoft патентираше технологија која човечкиот мозок го користи за рударење криптовалути

UAKS desktop

Во патентот наречен „Систем на криптовалути кој користи податоци за телесната активност“ Microsoft предлага користење на сензори на телото на корисниците кои на сервер ќе пренесуваат податоци за активноста на нивното тело, како активност на мозокот и проток на крв и движење.

Корисниците би се поттикнувале да извршуваат задачи, во текот на кои телесната активност при специфичната задача би се користела за рударење криптовалути. На пример, ако погледнете одреден оглас, користите интернет услуги и сл. Тогаш ќе се активира сензор и вашите биометриски податоци при извршувањето на таа активност ќе ги претвори во енергија за рударење криптовалути.

Таа човечка активност би ја заменила компјутерската работа при класичното рударење криптовалути, а собраните податоци ќе се сметаатт за доказ за завршената работа. Освен тоа, потрошувачката на електрична енергија би се свела на занемарливо ниво што се однесува на самото рударење, затоа што класичните „рудари“ трошат многу киловат, мегават и гигават-часови струја.

Според описот на патентот, сензорите би биле способни да собираат податоци за мозочните бранови, вклучувајќи ги и гама и бета брановите, кои вклучуваат учење, памтење и логичко размислување, како и алфа зраците, кои се поврзани со потсвеста.

Од Microsoft истакнуваат дека работата која би ја вршеле корисниците би билка на несвесно ниво, што сугерира на тоа дека алфа брановите би биле најбитни. Во пракса, тоа би значело дека работата е завршена во оној момент која корисниците се концентрира на вршење на секојдневните обврски и задачи.

Сево ова звучи како тотална научна фантастика, но прашање е и колку луѓе би сакале своеволно да ја предадат моќта на својот мозок на Microsoft, без оглед на наградата во криптовалути.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •