Беслимовски: Граѓаните со минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата

- Advertisement -

Претседателот на Регулатотната комисија за енергетика Марко Бислимовски најави дека граѓаните кои се погодени од корона кризата, односно земаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата.

Тој во интервју за Радио Слободна Европа, информира дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигнуваат порамнителните сметки за топлинска енергија кои пак ќе бидат намалени за најмалку 20 проценти. Според Бислимовски, рано е да се каже дали цената на струјата ќе остане непроменета.

- Advertisement -

Во интервјуто посочува дека има значително подобрена ситуација во однос на плаќањето на сметките по добивањето на платата кај администрацијата и изрази очекување дека оние потрошувачи и домаќинства што не се погодени, односно немаат намалени приходи и во идниот период ќе продолжат да си ги покриваат своите режиски трошоци.

– Сакам и официјално да објавам дека во комуникација и во договор со компаниите од енергетскиот сектор – ЕВН и БЕГ снабдување, на погодените граѓани ќе се овозможи за месеците мај, април и март да можат своите трошоци доколку не се во можност да ги покријат да ги плаќаат на рати и притоа каматата заради заостанатото плаќање нема да се калкулира, значи за три месеци ќе имаат можност најпогодените граѓани да си ги платат своите трошоци за електрична енергија и за топлинска енергија на рати и притоа каматата воопшто нема да им се калкулира, вели Бислимовски .

- Advertisement -

Во однос на комуналните претпријатија, потенцира дека тие сами треба да одлучат имајќи предвид дека едно комунално претпријатие извршува повеќе дејности, како на пример Водовод Скопје испорачува фактура и за Комунална хигиена и за Паркови и зеленило итн., исто така и во другите градови во државата, но упатуваат апел до потрошувачите, особено овие сметки да се покриваат редовно, имајќи предвид дека трошоците за овие сметки реално се најмали во однос на останатите.

Сподели!
- Advertisement -