Стопанска банка а.д. Битола ќе подели 10.000 заштитни маски на пензионерите во Битола

- Advertisement -

Стопанска банка а.д. Битола ќе подели 10.000 заштитни маски на пензионерите во Битола и ќе ги исплаќа пензиите почнувајќи од 24 април

Стопанска банка а.д. Битола во овој предизвикувачки период со кој сите се соочуваме вложува максимални напори за ефикасно, квалитетно, непречено и најважно од се безбедно работење и функционирање.

- Advertisement -

Грижата за нашите клиенти,  во секој аспект за нас е најважна и претставува приоритет. Во овој случај кога станува збор за повозрасните клиенти кои спаѓаат во посензитивна и поризична група на граѓани Банката покрај основните протоколи на безбедност и заштита по кои работи се одлучи да преземе и дополнителни мерки за заштита.

Стопанска банка а.д. Битола бесплатно ќе подели 10.000 заштитни маски за повеќекратна употреба на пензионерите во Битола. Во истата насока, Банката предвремено и со целосно организиран распоред со цел да се избегне и минимизира било каков ризик  ќе ги исплати пензиите за месец април.

- Advertisement -

Сите кои ја примаат пензијата преку Стопанска банка а.д. Битола  со истата ќе може да  располагаат преку мрежата на банкомати почнувајќи од 24.04.2020 година. Готовинската исплата на пензиите, во насока на целосна заштита на здравјето на клиентите и вработените ќе се спроведува во сите отворени експозитури на Банката, во 4 групи согласно следниот распоред составен според висината на пензијатa:

1.          До 11.000 денари                 27.04.2020г. (понеделник)
2.          1
1.001-14.000 денари           28.04.2020г. (вторник)
3.          1
4.001-18.000 денари           29.04.2020г. (среда)
4.          Над 1
8.001 денари               30.04.2020г. (четврток)

- Advertisement -

Ве молиме строго почитувајте го распоредот за подигнување на пензиите и во случај на посета на експозитурите  придржувајте се до сите препораки и мерки за заштита. Држете соодветно растојание при посетата и следете ги насоките кои ќе ви бидат дадени.

Истовремено, за сите оние кои користат картички апелираме на тоа широката мрежа на банкомати на Банката да се искористи за подигнување на пензиите со цел посетите на експозитурите да се сведат на минимум.

Сподели!
- Advertisement -