Се бараат доброволци за тестирање на вакцини за КОВИД-19

- Advertisement -

Бројни истражувачи од целиот свет работат на развој на вакцини против корона вирусот. Но, за вакцините да добијат зелено светло и да станат достапни за широката јавност мора да поминат клинички тестирања на луѓе. Тоа значи дека мора да се соберат доволно здрави луѓе кои се спремни да го ризикуваат своето здравје за да помогнат во пронаоѓањето на вистинската вакциа која ќе спаси многу животи.

Британски научници почнуваат со тестирање на потенцијална вакцина на луѓе и подготвени се да платат до 715 евра на секој доброволец за учеството, но под одредени услови.

- Advertisement -

За воопшто да дојде предвид тестирање на вакцината наречена ChAdOx1 nCoV-19 и направена од бесопасен генетски променет вирус на доброволците тие мора да бидат полнолетни и со добро здравје. Односно, според барањата на Универзитетот Оксфорд, кој го спроведува тестирањето, доброволците мора да имаат од 18 до 55 години, не смеат да бидат позитивни на корона вирусот и не смеат да живеат во исто домаќинство со некој кој спаѓа во ранлиза категорија граѓани (трудници, хронични болни и сл).

Доброволци не може да бидат трудници, жени кои планираат да останат трудни или кои дојат, како и сите кои веќе учествувале во некое тестирање на аденовирална вакцина. Доброволците мора да бидат здрави, што значи не смеат да имаат никакви алергии, астма или други сериозни болести како рак, дијабетес, проблеми со црниот дроб и слично. Исто така, мора да бидат во добра физичка форма, ни предебели и премногу слаби и да не пијат повеќе од 42 единици алкохол неделно. За референца, едно пиво се смета 2-3 единици, една чаша вино 1 единица итн.

- Advertisement -

Во план е да се вклучат 1.112 доброволци, од кои половина ќе добијат нова вакцина, а другата половина контролна вакцина. Клиничкото тестирање треба да трае шест месеци, а можни се дополнителни прегледи во текот на една година по завршувањето на тестирањето.

Последниот услов е доброволците да живеат во Лондон за да може да доаѓаат на контролни прегледи со сопствено превозно средство.

Сподели!
- Advertisement -