Netflix им овозможи бесплатни документарци на наставниците додека трае пандемијата

- Advertisement -

Свој придонес во борбата со корона вирусот одлучи да даде и Netflix. Имено, наставниците досега можеа бесплатно да прикажуваат документарни филмови во своите училници. Но, бидејќи училниците сега се празни поради корона вирусот, а наставата се одвива преку интернет, наставниците останаат бе тој интересен дел од наставниот материјал.

Затоа, Netflix одлучи документарните филмови и серии кои и досега беа најбарани содржини да ги направи достапни преку YouTube. Документарците засега имаат само англиски преводи, но во текот на следните недели ќе добијат преводи и на други јазици.

- Advertisement -

Меѓу документарците кои се достапни за наставниците, ученциите, но и са сите луѓе се документарците за природа, уметност, наука, филозофија на дизајнот, интересни и необични поединци кои со својата работа го менуваат светот и многу други. Достапни се и едукативни материјали кои наставниците можат да ги користат во подготвката на наставата.

Искористете ја оваа прилика да погледнете интересни документарци и да научите нешто ново.

Сподели!
- Advertisement -