16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Илон Маск и Том Круз наводно ќе го снимаат првиот филм во вселената

UAKS desktop

Кога ќе слушнеме дека ќе се снимал филм во вселената, сите прво помислуваме дека тоа е лажна вест. Но, кога таа вест се поврзува со името на најконтроверзниот иноватор на денешницата, Илон Маск, ќе си помислиме дека можеби има вистина во тоа.

Според информациите кои протекоа на интернет, Том Круз, SpaceX и НАСА ги здружиле силите за да го снимат првиот филм снимен во вселената. Тој проект навистина изгледа како една од невозможните мисии на актерот Том Круз, но филмот не би бил дел од познатиот серијал и веројатно би се снимал во внатрешноста на вселенската капсула на SpaсеХ – Crew Dragon.

Иако уште ниедно филмско студио не е дел од тој проект, извори запознаени со ситуацијата велат дека проектот е вистински и уште е во рана фаза, па сигурно ќе помине доста време додека се реализира идејата.

Моментално не се познати повеќе детали за „вселенскиот филм“, но медиумите кои ја пренесоа веста пишуваат дека ако некој може да сними таков филм, тогаш тоа е сигурно Том Круз, кој при снимањето на сите досегашни филмови „Невозможна мисија“ сам ги изведувал каскадерските активности и снимал опасни сцени.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •