14 C
Skopje
вторник, јуни 2, 2020

Виена е најзелената престолнина во светот за 2020 година

Kabtel desktop

Зелените градови се иднината, а Виена токму е прогласен за најзелен град во светот. Најновата листа со десет најзелени градови во светот во избор на консултантската куќа Resonance Consultancy беше објавена на Денот на планетата Земја и дава преглед на најдобрите светски практики.

Консултантската куќа Resonance Consultancy е специјализирана за стратешко брендирање и досега има направено повеќе од стотина проекти, стратегии и планови за влади, туристички дестинации и разни компании во повеќе од 70 земји во светот.

Во својот најнов извештај World’s Best Cities Report за 2020 година Resonance Consultancy ги рангира најдобрите и најпосетените светски градови со повеќе од милион жители кои воедно имаат и најмногу рецензии на Tripadvisor. Листата се составува со користење цела низа статтистички податоци и квалитативни проценки на населението и на посетителите во 22 полиња групирани во шест основни категории.

Критериумите како климата, разноликоста на понудата, исклучителната храна или ноќниот живот не се пресудни. За разлика од останатите избори на светски градови, изборот на Resonance ја зема предвид посебноста на градовите, па дури и бројот на хаштагови на социјалните мрежи. Сепакм за изборот на најзелениот град во светот пресудни биле: процентот на јавни зелени површини, уделот на обновливите изври на енергија во вкупната потрошувачка на енергија, процентот на населението кое користи јзвен превоз за одење на работа, нивотот на загаденост на воздухот, потрошувачката на вода по жител, квалитетот на пешачката инфраструктура, стапката на рециклирање и реупотребата на отпадот, стапката на компостирање на отпадот на ниво на градот, бројот на пазари за локални производи итн.
Топ 10 најзелени градови за 2020 година се:

1.Виена, Австрија
2.Минхен, Германија
3.Берлин, Германија
4.Мадрид, Шпанија
5.Сао Паоло, Бразил
6.Манчестер, Обединето Кралство
7.Лисабон, Португалија
8. Сингапур
9.Амстердам, Холандија
10.Вашингтон, САД

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •