Авиокомпанијата Qatar Airways подарува 100.000 билети за медицински лица од целиот свет

- Advertisement -


Qatar Airways подарува 100.000 авионски билети за сите здравствени работници од целиот свет во знак на благодарност за нивното херојско залагање во борбата против кoрона вирусот. Билетите се достапни за резервирање после Меѓународниот ден на медицинските сестри/техничари, односно 12 мај.

Билетите ќе може да се резервираат до 18 мај годинава. Здравствените работниците може да се пријават за оваа специјална понуда на страницата qatarairways.com/ThankYouHeroes така што ќе пополнат формулар и ќе добијат посебен промотивен код, а врз основа на принципот кој прв ќе се пријави.

- Advertisement -

Здравствените работници од целиот свет имаат право на бесплатни билети, а за компанијата да овозможи транспарентен и чесен начин на доделување на билетите, секоја држава ќе добие одреден број билети во зависност од бројноста на популацијата.

Сподели!
- Advertisement -