16.1 C
Skopje
петок, јуни 5, 2020

Исланд еден месец користи апликација за следење на болните од корона но, резултатите не се одушевувачки

Kabtel desktop

Една од земјите кои се исклучително фалени поради начинот на кој се справуваат со пандемијата на корона вирусот е Исланд. Малата островска држава навреме реагираше со користење метода за тестирање, следење на заразените луше и нивните контакти и нивна изолација, што се покажа како одлична формула.

Бројот на заразени од крајот на февруари кога беше забележан првиот случај, до денес изнесува околу 1800 луѓе, со само десет починати. Треба да потенцираме дека Исланд не се одлучи за целосен карантин и затворање како многу други држави. Иако беа воведени ограничувања на бројот на луѓе кои може да се соберат на едно место, основните училишта и некои ресторани останаа остворени со одредени мерки на претпазливост.

Во борбата против корона вирусот земјата користи и технолошка алатка – апликацијата Ranking C-19, која беше лансирана на почетокот на март. Апликацијата користи податоци на GPS за да се направат записи на движењето на заразените луѓе и нивните потенцијални контакти. Дури околу 40% од жителите на Исланд ја инсталирале на нивните телефони, но според MIT Technology Review, се очекувал многу поголем број и нејзиното користење не предизвика своевидна револуција во борбата со КОВИД-19.

Искуството од Исланд може да биде исклучително важно кога се размислува за воведување технолошки решенија и апликации за следење на контактите.

Фото – pixabay.com

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •