14 C
Skopje
вторник, јуни 2, 2020

Денес е светски ден на пчелите

Kabtel desktop

Обединетите нации годинава по повод одбележувањето на Светскиот ден на пчелите го избраа слоганот „Спасете ги пчелите“, што доволно ја акцентира итноста на ситуацијата и нужноста за заштита на пчелите, на другите опрашувачи и на нивните живеалишта. Зачетникот на модерното пчеларство, Антон Јанша, е роден на 20 мај 1974 година во Словенија. Во негова чест тој ден во 2018 година е прогласен за Светски ден на пчелите.

Медоносната пчела е најбитниот опрашувач меѓу инсектите. Пчелите имаат огромен придонес во сложените, меѓусебно поврзани екосистеми кои овозможуваат соживот на разновидни врсти. Поради тоа за пчелите се вели дека се еден од носечките столбови на животот на Земјата.

Во светот постојат околу 20.000 различни видови пчели. Пчелите со векови ги одушевуваат научниците со бројните неверојатни споссобности како меморијата, чувството за време и простор, можноста за лоцирање на точната локација на цветовите, но и разликувањето на повеќе од 130 мириси со 98%
прецизност.

Еднакво е интересен и нивниот социјален живот. Имено, тие живеат во заедници кои претставуваат највисоко ниво на организација, воспоставено одамна пред социјалните мрежи на современиот хомо сапиенс. Во ДНК на пчелите научниците открија сличности со цицачите и со човекот.

Виена е европската престолнина на пчелите. Со своите зелени појаси и заштитените предели со ливади преполни со цвеќиња австрискиот главен град на пчелите им нуди најдобри услови за живот. Така, дури и во градските предели, парковите и станбените комплекси може да се пронајдат се повеќе ливади погодни за пчелите.

Според истражувањата од 2015 година, во Виена живеат вкупно 456 различни видови пчели. Тоа е исклучителен биодиверзитет во една од најстарите метрополи во светот.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •