14 C
Skopje
вторник, јуни 2, 2020

Естонија почна да го тестира првиот дигитален имунолошки пасош во светот

Kabtel desktop

Естонија почна со тестирањето на еден од првите дигитални имунолошки пасоши во светот. Пасошот го направи тим составен од основачите на глобалните технолошки стартапи Transferwise и Bolt, со цел побезбедно враќање на луѓето на работните места по завршувањето на карантинот.

Дигиталниот имунолошки пасош е збир од податоци од тестирања и им помага на луѓето да го споделат својот имунолошки статус со други луѓе, како на пример, работодавaчите преку привремен QR код кој се генерира после дигиталната автентикација.

„Дигиталниот имунолошки пасош има за цел да го намали стравот кај луѓето и да ги стумулира општествата низ целиот свет да продолжат нормално со своите животи во оваа доба на корона вирусот“ вели Тавет Хинрикус, основач на Transferwise и член на невладината организација Back to Work, која помогна во развојот на пасошот.

Многу земји и бизниси забрзано работат на развој на апликации за следење на заразата. Освен технолошките претприемачи, во Back to Work членуваат медициснки експерти и претставници на владата. Хотелите Radisson и прехранбената компанија PRFoods се меѓу првите компании кои почнаа да го тестираат пасошот.

Естонија досега има 64 жртви на корона вирусот и 1.791 заболени. Карантинот во земјата почна да се ублажува од почетокот на мај и минатата недела земјата ги отвори своите граници за Литванија и Латвија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •