14 C
Skopje
вторник, јуни 2, 2020

Најдобриот ресторан во светот на Македонецот Рене Реџепи ќе прерасне во вински бар со бургери

Kabtel desktop

Шефот Рене Реџепи, по потекло од Македонија, најде привремен бизнис модел за оваа доба на пандемијата на корона вирусот. Тој е сопственик на Noma, ресторанот кој четири пати досега е прогласуван за најдобар во светот. Ресторанот кој се наоѓа во Копенхаген, Данска, денес ќе биде повторно отворен, но како вински бар со бургери.

Во нормални услови потребно е да резервирате маса во Noma со месеци однапред, додека во новиот бар нема да има резервации. Цените се пристапни во споредба со локалните стандарди – еден бургер, на пример, чини 18,40 долари ако не седнуваш во ресторанот, а ако го јадеш таму чини 22,12 долари.

Фановите на креативната гастрономија на Реџепи ќе уживаат во овој поп-ап бар во градините на ресторанот Noma, кој беше планирано да се отвори 1,5 до 2 месеци после укинувањето на карантинот. Реџепи вели дека неговата цел е да помгоне во будењето на социјалниот живот во Копенхаген.

Ние сакаме да ги активираме луѓето, да почнат повторно да излегуваат. Тоа е главната цел. Сакавме да направиме нешто за на сите да им покажеме дека се добредојдени и затоа решивме дека „моќните“ бургери можат да го направат тоа“, вели Реџепи.

Во новиот бар не треба да очекувате некој луксузен бургер со тартуфи и кавијар. „Тоа мора да биде бургер кој го познаваат сите, па затоа правиме чизбургери. Но, она што е наш скриен адут се најдобрите можни сстојки, месо со најдобар квалитет. Лепчињата од компир ќе се прават секое утро, а месо од говеда хранети исклучиво со трева ќе се меле три пати во денот. Кромидот е органски и ќе го сецкаме на рака. Малите нешта може да направат голема разлика“, објаснува Реџепи.

На менито ќе има и вегетаријански и вегански варијанти на чизбургер. Новиот бар ќе може да собере 65 гости, а ќе биде отворен од четврток до недела од 13 до 21 часот. Реџепи не се грижи дека ќе има гужва. Напротив, се надева дека ќе има гужва затоа што сличен експеримент во Мексико создал толкава гужва што се чекало од 4 часот наутро за да се седне на маса 14 часа подоцна.

Треба да сфатиме дека ова е Копенхаген, имаме десет пати помалку жители отколку Лондон и немаме туристи. Градот е многу тивок, никогаш не бил толку тивок“, додава Реџепи.

Нашата влада ни даде шанса да се бориме против корона вирусот. Луѓето не мора да носат маски и немаме некои мнгоу строги ограничувања. Мора само да обезбедиме по 2 квадратни метир за секој гостин и масите да се на растојание од еден метар. Како и санитарните услови кои мора да ги исполниме, но ние секако ги спроведуваме тие мерки и во нормални услови“ објаснува Реџепи.

Не знам како ќе се менуваат работите. Ние сме еден од најдобрите ресторани во светот, а сега работиме со бургери и сладолед за деца. Не може да биде поразлично од ова. Подоцна ќе додадеме уште неколку закуски типични за вински барови, школки, зеленчук. Ова е нов експеримент каде што вратата е отворена за секого и доста е возбудливо.“

Фото – commons.wikimedia

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •