-7.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Народна банка: 29% од населението кое користи интернет, купува и плаќа онлајн!

Kabtel desktop

Граѓаните и компаниите сè повеќе плаќања во земјата вршат со посредство на банките преку користење на кредитните трансфери и платежните картички. Вкупниот број плаќања извршени минатата година забележа годишен раст од 11,7 отсто при што е забележан поизразен раст на користењето на платежните картички, со што нивното учество во вкупните плаќања се зголеми и се изедначи со учеството на плаќањата преку кредитни трансфери, покажуваат податоците од Годишната информација за плаќањата во 2019 година, што на седница ја разгледа Советот на Народната банка.

Електронските кредитни трансфери растат засилено во споредба со кредитните трансфери иницирани на хартија. При годишен раст од 5,2 отсто на вкупните кредитни трансфери минатата година, електронски иницираните кредитни трансфери растеле побрзо со стапка од 6,2 отсто во споредба со кредитните трансфери иницирани на хартија, коишто се зголемија за 4,4 отсто.

Според платежната статистика за минатата година, продолжува интензивниот раст на плаќањата во трговијата со платежни картички и на годишна основа во 2019 година изнесува 20,7 отсто. Воедно, се зголемува и бројот на трансакции на физичките места на продажба со 20,4 отсто, но уште посилно растат плаќањата со картички на интернет со 29 отсто на годишна основа. Процентот на население во земјата кое купува преку интернет се зголемува постојано и минатата година достигна 29% од населението кое користело интернет.

Фото: wallpaperfare.com

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!