21 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Поради корона вирусот, келнерите во Холандија ги заменија роботи

Kabtel desktop

Роботите кои ги заменуваат келнерите не се ништо ново. Веќе постојат во некои ресторани, а во Јапонија се отвори дури и хотел во кој луѓето на многу позиции ги заменија роботи. Додека хотелот не се покажа успешен и дел од роботите добија откази, изгледа дека роботите кои го заменуваат персоналот во рестораните сепак може да работат.

Иако многумина ќе ја критикуваат идејата наместо луѓе келнери гостите да ги послужува некаква машина, во време кога се навикнуваме на нова нормала, односно соживот со корона вирусот, токму роботите може да ги спасат келнерите од непотребно изложување на луѓе. Но, исто така би можеле и да им ја земат работата.

Откако таквите роботи ги видовме во еден кинески ресторан, сопствениците на ресторанот Royal Palace од холандскиот град Ренесе набавија два модели кои ќе им помогнат при послужувањето на гостите. Роботите ги дочекуваат и ги поздравуваат гостите, им носат храна и пијалаци и ги земаат валканите чаши и чинии од масите. Роботите-келнери не ги одушевија баш сите гости и сопствениците на ресторанот велат дека главната критика била дека на луѓето им недостига разговор со „живите“ келнери.

Сепак, во време на корона вирус таквите роботи би можеле да се покажат како пожелни работници затоа што нема страв дека би можеле да се заразат и да ја прошират заразата. Рестораните во Холандија дури денес ги отвораат вратите за своите гости после повеќе од два месеци блокада и ќе биде интересно да се види како луѓето во новонастаната ситуација ќе го прифатат роботизираниот облик на работна сила.

Во разговор со новинари од ресторанот велат дека не сакаат да слушнат никакви жалби за тоа како роботите им ја земаат работата на младите луѓе затоа што во нивна близина нема ниеден поголем град и тешко е да се најде работна сила. Сепак, сметаат дека роботизацијата не е иднина на оваа индустрија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •