22 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Руси развиваат вакцина за корона вирусот која ќе се јаде

Kabtel desktop

Руски научници работат на вакцина против корона вирусот која луѓето ќе ја примаат не во форма на инјекција, туку како млечен производ. Потпретседателот на Руската академија на науки, Владимир Чеконин, изјави дека на вакцината за корона вирусот работат научници од Институтот за експериментална медицина од Санкт Петерсбург. Тој откри дека станува збор за вакцина која би се внесувала преку слузницата, односно орално. Имено, антигените во таквата вакцина најчесто се наоѓаат во микрокапсули кои ги штитат од стомачните ензими.

Чеконин појасни и зошто е посебна таа вакцина. Генот кој го кодира С-проеинот на корона вирусот се внесува во пробиотичката бактерија пили, па така бактеријата добива имуноген протеин на својата површина. Така вакцината може да се дозира како млечен производ, објаснува Чеконин.

Пандемијата на корона вирусот досега во светот зарази повеќе од 6 милиони луѓе, а жртви на заразата се околу 380.000 луѓе. Вкупно од вирусот досега закрепнаа околу 3 милиони луѓе.

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •