Националната администрација за аеронаутика и вселена на САД (НАСА) соопшти дека планира да потроши нешто повеќе од 2 милијарди долари за развој и испраќање вселенско летало на нуклеарен погон на Марс.
Новата проценка на трошоците за мисијата доаѓа во време кога агенцијата се обидува да жонглира со голем број мисии со висок профил – вклучувајќи враќање на луѓето на Месечината и изградба на лунарна база, објавува Политико.
„Првичните проценки на трошоците се приближно 2,1 милијарди долари, а НАСА ќе продолжи да ја прилагодува таа бројка во текот на целиот процес на аквизиција“, соопшти агенцијата.
НАСА планира да потроши 640 милиони долари во фискалната 2026 година, 890 милиони долари во 2027 година, 415 милиони долари во 2028 година и 180 милиони долари во 2029 година, според документ испратен до Конгресот.
Лансирањето на роверот на Марс е закажано кон крајот на 2028 година, а тоа би бил првиот лет со нуклеарен електричен погон, со цел да се донесат три хеликоптери на Црвената планета за собирање научни податоци и идентификување на потенцијални извори на вода.
(021)
(фото: Chat GPT)





























