22 C
Skopje
среда, јули 15, 2020

Австрија утре ги отвора границите за соседните земји

Kabtel desktop

Австрија ги укинува сите забрани за преминување на границите за соседните држави, освен за Италија. Таа мерка ќе стапи на сила утре. Укинувањето на мерките за ограничување на движењето поради пандемијата на корона вирусот се однесува и на досегашната обврска за ставање во карантин на сите луѓе кои доаѓаат од странство и на проверките на здравствената состојба на луѓето кои доаѓаат од седум држави: Германија, Швајцарија, Лихтенштајн, Словачка, словенија, Чешка и Унгарија.

Мерките карантин и задолжително поседување негативен тест на корона вирусот се укинати и за сите патници кои се враќаат во Австрија од странство. Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер, на прес конференција истакна дека не се отфрла можноста за отворање на границата со Италија на средината на јуни, со оглед на тоа дека ситуацијата со вирусот во многу италијански региони е слична како во државите кои се соседи на Австрија.

Како што велат од австриската влада, Австрија одлучила да ги олабави мерките за ограничување на движењето порано отколку што првично планирала затоа што сакале тоа да го направат во исто време со Германија, која од денес ги отвори границите за 29 европски земји.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •