26 C
Skopje
петок, јули 10, 2020

Вработените во Ford ќе носат алки кои вибрираат ако се приближат преблиску еден до друг

Kabtel desktop

Вработените во Ford после отворањето на фабриките веројатно ќе носат алки кои вибрираат кога ќе се приближат еден до друг, а сето тоа со цел да се почитува социјалното дистанцирање кое се препорачува поради пандемијата со корона вирусот.

Bloomberg пренесува дека 12 вработени во фабриката Troy за дизајн и производство во Плимут во Мичиген доброволно прифатиле да ги тестираат алките кои вибрираат кога премногу ќе се доближат еден до друг.

Станува збор всушност за часовници кои ги обезбеди Samsung, кои ја содржат технологијата Radiant RFID, која користи Bluetooth конекција за откривање други уреди во близина. Кога ќе детектира друг уред во близина, часовникот вибрира и прикажува порака на екранот со која го предупредува вработениот да се оддалечи на безбедно растојание.

Вработените и нивните надзорници можат да ја следат ситуацијата преку дневните извештаи и така да препознаат што да избегнуваат. Ford целосно го стопираше производството на автомобили, а своите фабрики ги претвори во фабрики за производство на медицинска опрема. Се практикува социјално дистаницрање, а вработените носат маски за лице и респиратори. Можно е компанијата да го продолжи произвоството на автомобили најрано идниот месец.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •