Антивирус заштита за безбедна онлајн комуникација

- Advertisement -

Во времето во коешто живееме драстично се променија навиките на функционирање. Преку ноќ бевме принудени од корен да го смениме начинот на однесување и релативно брзо да се адаптираме на новите услови. Дигитализацијата стана дел од нашето ново секојдневие и повеќето од нас веќе функционираат онлајн: работат непречено од дома, одржуваат виртуелни состаноци, видео конференции или обуки, се информираат, се едуцираат или едноставно комуницираат со своите најблиски.

Факт е дека со изборот на дигиталните решенија и современата технологија денес не постојат никакви ограничувања, комуникацијата продолжува непречено и безбедно, независно од далечината. Но, во услови кога сите функционираме преку јавна интернет мрежа, од  исклучителна важност е секоја наша интеракција да биде безбедна и сигурна. Оттука, Panda DOME Advanced антивирус лиценцата во соработка со Македонски Телеком е совршена платформа којашто на сите корисници им овозможува заштита и поголема интернет безбедност.

- Advertisement -

Panda DOME Advanced платформата е решение за сите оние коишто секојдневно функционираат онлајн, при што ефикасно можат да го заштитат својот мобилен уред или домашниот компјутер од вируси, како и да управуваат со времето и содржините до кои пристапуваат во интернет просторот. Антивирус лиценцата е во траење од 90 дена, без дополнителен надоместок и може да се преземе од веб страницата: http://panda.telekom.mk.

Онлајн функционирањето на граѓаните и на бизнис корисниците со Panda DOME Advanced антивирус заштитата отсега ќе биде побезбедно и посигурно!

Сподели!
- Advertisement -