5 C
Skopje
вторник, јануари 26, 2021

Илон Маск има посебен „тренер за мозокот“ – ова се неговите совети!

Kabtel desktop

Џим Квик е еден од најпознатите експерти и тренери за мозочна ефикасност, а еден од неговите клиенти е Илон Маск. Квик неодамна разговараше и со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во рамките на неговиот проект на Instagram, „Самосовладување“. Квик вели дека милијардерот Илон Маск го ангажирал откако се поврзале преку книгата со научно-фантастичната тематика, како што е „Господар на прстените“.

Откако извршниот директор на Tesla и SpaceX дознал за работата на Квик – од подучувањето луѓе како брзо да читаат до помагање за подобрување на меморијата и побрзо учење – Маск бил заинтригиран. „Маск ме вработи затоа што сфати дека е неопходни секогаш да учите за да бидете успешни“ вели Квик.

Маск веќе има неверојатно помнење, смета Квик, затоа што веќе му биле познати повеќето техники за паметење кои ги подучува Квик. Техниките кои Квик ги користи се наоѓаат во неговата книга „Безгранично: Надградете го својот мозок, учете се побрзо и отклучете го својот исклучителен живот“. Книгата е посебно релевантна затоа што цели индустрии и пазари на труд се нарушени, па луѓето мора да учат нови вештини кои ќе им овозможат да се прилагодат и да опстанат, вели Квик.

Квик вели дека е важно да се борат против сите автоматски негативни мисли или ANT-ови, кои ви велат дека не можете да научите нешто ново. „Ако редовно си велите себеси дека не можете да направите нешто или дека сте премногу стари за нешто, или дека не сте доволно паметни нешто да направите, тоа нема никогаш да го направите“, пишува Квик во својата книга.

За да ги елиминира тие ANT-ови, Квик предлага разговор со нив. На пример, ако забележите мисла дека не можете да научите да програмирате, веднаш речете си себеси: „Јас можам да го научам тоа“. Тој вели дека со тек на време тие мисли ќе исчезнат и така ќе се отстрани препреката за учење.

Квик смета дека е битно тоа што го јадеме, особено кога станува збор за сивата маса во мозокот која е вклучена во контролата на мускулите и сензорната перцепција како што е слухот, видот, меморијата, говорот и носењето одлуки. Квик предлага да се јаде една порција дневно “храна за мозок“, како што се авокадо, боровница, брокула, јајца, зелен зеленчук, лосос, сардини и кавијар, како и куркума, ореви и темно чоколадо.

Фоото – FB Jim Kwik

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •