Еврото го менува својот изглед: Се наближува претставувањето на новите банкноти

- Advertisement -

Денес, додека безготовинските плаќања растат незапирливо и додека се во тек подготовките за воведување на дигитално евро, Европската централна банка (ЕЦБ) испраќа јасна порака до европската јавност: готовината е тука за да остане. Еврото се подготвува за својата најголема визуелна и безбедносна преобразба откако е пуштена во оптек. Препознатливи историски мотиви и природни ресурси, наместо претходните апстрактни елементи, со значително понапредни безбедносни карактеристики, го формираат ‘рбетот на новиот дизајн на банкнотите.

Предлозите на ЕЦБ го означуваат првото целосно визуелно раскинување со сегашните банкноти што ги носиме во нашите паричници.

- Advertisement -

Првото целосно визуелно преобразување на банкнотите во евра е во тек, со нови теми и мотиви, со цел да се доближат уште повеќе до граѓаните на Европа“, изјави Дорис Шнебергер, директорка на секторот за банкноти во ЕЦБ.

Што ќе има на новите банкноти?

- Advertisement -

Кога беа лансирани во 2002 година, евро банкнотите ја имаа темата „Времења и стилови“, прикажувајќи апстрактни прозорци, порти и мостови кои всушност не постојат во реалноста. Новиот дизајн ќе направи целосен пресврт кон реалистични и препознатливи симболи.

Две доминантни теми се избрани меѓу финалистите:

- Advertisement -

Европска култура: Прикажување познати личности кои ја обележале историјата на уметноста, музиката, науката и литературата.
Природно наследство: Прикажување на реките на Европа и карактеристичните птици.

Анкета во која учествуваат милиони Европејци ќе одлучи за победничката тема, а официјалните резултати ќе бидат објавени во декември 2026 година. Сепак, ќе поминат уште неколку години пред да влезат во оптек – се проценува дека новите банкноти би можеле да влезат во паричниците на луѓето дури во 2029 година.

Во врска со теоријата дека воведувањето на дигиталното евро е чекор кон целосно укинување на хартиените пари, ЕЦБ користи живописна споредба за да ги отфрли сите сомнежи:

Никој не реновира куќа што планира наскоро да ја сруши“, е јасен Шнебергер.

Претставниците на ЕЦБ нагласуваат дека дигиталното евро не доаѓа како замена, туку како дополнување на традиционалните пари. Граѓаните ќе ја задржат целосната слобода на избор дали да плаќаат со готовина, дигитални евра или комерцијални платежни картички.

Редизајнот на банкнотите затоа претставува стратегија за зајакнување на готовината како примарна форма на „јавни пари“ – пари што се директно издадени и гарантирани од централната банка, за разлика од приватните пари на сметките во комерцијалните банки.

(Bizlife/Euronews)

(фото: ECB)

- Advertisement -