Ова е првата целосно провидна хируршка заштитна маска во светот

- Advertisement -

Како резултат на пандемијата КОВИД-19, здравствените работници имаат проблем со носењето маски кога третираат луѓе кои имаат проблеми со слухот затоа што пациентите не можат да читаат од уста и да ги гледаат изразите на лицето.

Токму затоа истражувачи од Еmpa и центарот EPFL’s EssentialTech направија провидна хируршка маска направена од материјал базиран на биомаса и го создадоа стартапот HMCARE.

- Advertisement -

Маската се вика ClearMask, а е наменета да ги замени традиционалните кои ги носат здравствените работници. Таа маска ќе можат да ја носат сите, но примарно е дизајнирана за подобар контакт меѓу докторите и медицинските сестри и пациентите.

Бидејќи пластиката не е порозна, другите прототипови на слични маски го отежнуваат дишењето и се замалгуваат. Креаторите на HelioMasks две години ја истражувале вистинската комбинација од провидност, отпорност и порозност и така создале мембрана која е направена од полимер специјално развиен за оваа намена.

- Advertisement -

Големината на порите на мембраната е околу 100 нанометри. Помеѓу влакната имаат мали простори кои дозволуваат дишење, но не ги пропуштаат вирусите и бактериите. Бидејќи новите маски ќе имаат оптимална ефикасност, истражувачите се фокусирале на пронаоѓање на материјал кој се рециклира и е биоразградлив.

Сподели!
- Advertisement -