26 C
Skopje
петок, јули 10, 2020

ВИДЕО: Американска компанија направи иновативна камера за детекција на лица кои можеби имаат корона вирус

Kabtel desktop

Како навреме да се препознае и да се спречи ширењето на корона вирусот? Постојат начини на кои денес ширум светот се препознаваат луѓето кои имаат температура за навреме да се стават во изолација или карантин. Често се користат надзорни камери и инфрацрвени скенери за мерење на температурата, кои ја следат телесната температура на луѓето и помагаат во спречувањето на уште поголемо ширење на вирусот.

Американската компанија Athena Security од Тексас разви нов производ – термална камера која се базира на вештачка интелигенција и може да препознае покачена температура кај луѓето и веднаш да ги предупреди корисниците дека одредена личност може да биде заразна.

Од компанијата велат дека во текот на наредните неколку недели ќе почнат со испорака на првите камери до клиентите, меѓу кои се државни агенции, аеродроми и некои големи компании од листата на Fortune 500.

Системот за мерење на температурата е дел од нивната платформа дизајнирана за препознавање на луѓе кои носат оружје и е поврзан со постојните безбедносни камери на клиентите. Ако платформата препознае дека некој носи пиштол или нож, веднаш ќе ги извести клиентите, а на ист принцип ќе работат и новите термални камери.

За препознавање на луѓе кои имаат покачена температура е задолжена вештачката интелигенција, а интересно е тоа дека температурата се гледа во очите на луѓето, коментира соосновачот на Athenа, Кристофер Чиабара. Тој додава дека нивните камери можат буквално да спасуваат животи затоа што високата температура е еден од првите симптоми на заразата.

Од Athenа нагласуваат дека системот не поддржува препознавање на лицe и следење на луѓе, а информациите, односно известувањата за луѓе со покачена температура се испраќаат многу бргу на клиентите кои ги користат нивните камери.

(Dnevnik.hr)

(фото: Athena)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •